Акциите на Алкалоид АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на Берзата.
Цената на акцијата во периодот јануари – март 2024 година се движеше од 18.151 до 20.900 денари или просечно 19.602,82 денари за една акција.
На 31.03.2024 година акциите на Алкалоид беа во сопственост на 5.596 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесуваше над 29 милијарди денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Алкалоид со инвестиции од 298.2 милиони денари и 90 нови вработувања во првиот квартал
Фото: Алкалоид
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.