Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, која е во затвор за случајот “Рекет“ и Бојан Јовановски – Боки 13, кој беше во затвор за истиот случај, а неодамна излезе поради задравствени причини, нема да му платат оштета од 1,5 милион евра на бизнисменот Орце Камчев.
Тој во граѓанска постапка ги тужеше Јанева и Јовановски и ја бараше оваа сума, колку што наводно имало во фамозната торба Луј Витон, а Апелацискиот суд во Скопје пресудил во нивна корист, односно второстепениот суд ја потврдил првостепената пресуда на Граѓанскиот суд, објави Фокус.
Информацијата за Фокус ја потврдил и синот на Јанева, адвокатот Лазар Јанев.
Камчев треба да ги покрие судските трошоци и да ги плати адвокатските трошоци на Јанева и Јовановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На Боки 13 од почеток ќе му се суди за случајот „Меѓународен сојуз“
Кој сѐ освен Катица Јанева и Стевчо Јакимовски е на “црната листа„ на САД
(Фото) Катица преку ден на работа кај синот, навечер е во затвор