Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби и поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, осомничени за криминал вреден осум милиони евра, се уште не се вратиле во Македонија, но и двајцата веќе си ангажирале адвокати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како Груби и Бајрами го направиле криминалот во Државна лотарија: Сите детали
Во меѓувреме тие за случајот во Лотарија добија и по 30 дена притвор, а за нив е распишана и меѓународна потерница..
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Меѓународна потерница за Груби и Бајрами
Груби, како што објавија дел од медиумите го ангажирал адвокатот Владимир Доневски, а Бајрами, Антонио Апостолски.
Апостолски за Алсат М, вели дека Бајрами не бил во бегство, туку веќе неколку месеци бил преселен и не живеел во Македонија.
Груби, пак пред да избега од земјата во Косово, рече дека ќе врател откако ќе завршел некои обврски. Дали е се уште таму не е познато.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се виде ли Ахмети со Груби во Приштина?
Фото: Груби/Фејсбук