Реплек АД Скопје во Годишниот извештај за работењето лани, објавен преку Македонската берза меѓудругото информираа и за годишните примања на менаџментот, што ја прави компанијата една од многу ретките во земјава која објавува и ваков тип на информации.
Вкупните бруто годишни примања на Надзорниот и Управниот одбор на Реплек лани изнесуваат 4.127 илјади денари (во 2022 година таа сума изнесувала 2.156 илјади денари) и 23.678 илјади денари за редовни плати и други примања (во 2022 година таа сума изнесувала 22.611 илјади денари).
Вкупните бруто годишни примања на останатите органи на управување на подружниците изнесуваат 5.287 илјади денари, а претходната година таа сума изнесувала 5.871 илјади денари.
Надзорниот одбор на Реплек е составен од.четири члена и во 2023 година се состоеше од: Георгиевски Антонио, претседател, кој е основач и управител на ДТУ АГ Ситко Скопје, Андреевски Петар, член, извршен директор и ко-основач на Друштво за управување со инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје, Гашевски Владимир, адвокат во Адвокатска канцеларија Владимир Гашевски, Наум Јанакиев, член и Јана Алич Јужина, директор на продажба во Подравка Словенија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Канцеларија со душа: Како изгледа канцеларијата на Душан Пецовски, првиот човек на Реплек
Членови на Управниот одбор (УО) на Реплек се Душан Пецовски, генерален директор и претседател на УО, Коста Котески, директор на снабдување и комерција, заменик генерален директор, Марјан Велковски, директор на оператива и Панче Гелевски, директор за продажба и маркетинг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година
Томислав Крстевски предложен за член на НО на Реплек, поседува 300 акции во компанијата
Реплек отвори нов пазар за своите фармацевтски производи
Фото: Реплек