еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Вилма Русковска, која Советот на јавни обвинители ја разреши од функцијата јавен обвинител

Пред пензија, Советот на јавни обвинители ја разреши од функцијата јавен обвинител, обвинителката Вилма Русковска, која е поранешен шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вилма Русковска не е повеќе јавен обвинител, едногласно ја разреши Советот на јавни обвинители

Која е Вилма Русковска

Средно училиште завршила во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“, смер општа гимназија.

Дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј„ во Скопје.

За да го положи Правосудниот испит почнала со волонтирање во скопското Обвинителство, каде ќе ја помине и целата кариера, иако сакала да стане адвокат.

„Влегов таму и цел живот не „мрднав“ од таму“, вели таа во интервју за еМагазин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Вилма Русковска, која Советот на јавни обвинители ја разреши од функцијата јавен обвинител

Во 1990 година го полжува Правосудниот испит, по некое време станува стручен соработник во скопското Обвинителство, а седум години подоцна станува и заменик-обвинител.

Во 2004 година е дел од тимот на пет обвинители кои го формираат тогаш посебниот сектор, а од 2008 година посебно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кое функционира во рамките на Јавното обвинителство.

Во 2018 година стана шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

„Детонатор“, „Франкфуртска мафија„, „Диво населје„, „Насилство во Собрание„, „Организатори на насилството во Собрание„, „Рекет“, се дел од бројните предмети на кои работела, а кои предизвикаа голем интерес во јавноста.

Повеќе за приватниот живот и нејзината кариера во интервјуто на еМагазин:

Вилма Русковска: Политиката ми затвори многу врати

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За кои три убиства се сомничи групата на Шеваљ Муареми, по кој е рапишана меѓународна потерница

Редакција

Арачиново воопшто не наплаќа данок на имот, најмногу приходи остварил скопски Центар

Редакција

(Фото) Османи и врвот на ДУИ на свеченост кај донаторот Адеми, кој го доби милионскиот тендер на МНР

Редакција