еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Гордана Силјановска Давкова, првата македонска претседателка

Професорката Гордана Силјановска Давкова и официјално стана првата жена претседател на Македонија, а со некористењето на уставното име уште на првиот ден од функцијата предизвика лавина од различни реакции во земјава и надвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, велат од Кабинетот на Давкова

Како што најавија од нејзиниот Кабинет таа во своите јавни настапи ќе продолжи да користи само Македонија.

На оваа позиција дојде како пратеничка во македонското Собрание.

Која е Силјановска Давкова

Родена е 11. мај 1953 година во Охрид.

Основно и средно образование завршила во Скопје во 1973 година.

Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1978 година, каде што и магистрирала.

Докторирала на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Local Selfgovernment – between Norms and Reality“ во 1994 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Силјановска Давкова, првата македонска претседателка приватно

Работно искуство и политичка кариера

Во 1989 година била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје, за доцент по уставно право и политички систем во 1994 година, а потоа и за редовен професор во 2004 година.

Била член на Уставната комисија на Собранието на Македонија во периодот од 1990 до 1992 година.

Во периодот од 1992 до 1994 година била министер без ресор во владата на Бранко Црвенковски, поранешниот лидер на СДСМ и претседател на Македонија.

Таа е експерт за избори на ООН, а била и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа.

Била и член на Венецијанската комисија.

Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.

Во 2019 година беше кандидат за претседател на Македонија, но изгуби од Стево Пендаровски.

На парламентарните избори во 2020 година, Силјановска Давкова беше носител на кандидатска листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Изборната единица 1.

Од август, 2020 година беше пратеничка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видео од заклетвата на Силјановска Давкова на која регираа Грција и ЕУ

Каков имот пријавила Гордана Силјановска Давкова, првата жена претседател на Македонија

Кој донирал за претседателската кампања на Гордана Силјановска Давкова

Фото: Фејсбук/Силјановска Давкова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре задолжително зимска опрема во возилата

Редакција

Српската премиерка Брнабиќ: Тоа што и се случи на Македонија е опасен преседан, потекло на јазик не е билатерално прашање

Редакција

На битолчанец наместо вода во угостителски објект му било дадено корозивно средство

Редакција