еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е партијата „Нова Алтернатива“, чиј нов претседател ќе биде градоначалничката Данела Арсовска

На конвенција денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ќе стане нов претседател на партијата „Нова Алтернатива“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Данела Арсовска нема да формира нова партија, ќе стане претседател на „Нова Алтернатива„

Таа пред извесно време изјави дека работи на формирање на своја партија, а нема официјална информација дали успеала да ги собере потребните потписи за тоа или во прашање се други причини зошто наместо формирање на нова партија ќе стане претседател на постоечка партија.

Која е партијата „Нова Алтернатива“

Партијата „Нова Алтернатива„ е формирана од Ѓорѓи Оровчанец во 2007 година.

Во тоа време тој беше член на партијата ВМРО-НП и пратеник во македонското Собранието.

На парламентарните избори во 2008 година, „Нова Алтернатива“ е дел од коалиција предводена од СДСМ и добива едно пратеничко место.

Дел од коалицијата е и на наредните избори, но не добива пратеничко место.

Не учествува на изборите во 2014 година, а повторно се приклучува на коалицијата предводена од СДСМ на парламентарните избори во 2016 година.

И на наредните избори во 2020 година, партијата е дел од коалиција предводена од СДСМ.

Последен в.д. претседател на партијата е Сократ Ефтимовски.

Поранешниот претседател на партијата Оровчанец за Фокус потврди дека не е повеќе на таа позиција, но и дека немал информација дека Арсовска ќе биде новиот претседател на партијата, нуту пак некој го консултирал за таа одлука.

Фото: Арсовска/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Кој сака да предизвика етничка и верска нетрпеливост со поставување на спомен плоча на кулата на Титов Врв?

Редакција

На 10 минути пред полетување за Цирих од аеродромот во Софија, македонски државјани вратени од „Ер-Бугарија“ од каде купиле карти

Редакција

Владата на Црна Гора го отповика, Азески се заблагодари за функцијата почесен конзул

Редакција