Арбен Таравари од поделената Алијанса за Албанците, дел од коалицијата „Вреди“, кој се уште води судски процес со Зијадин Села за лидерското место во партијата е кандидат за министер за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Кој сѐ е дел од неа: Во Собранието доставен составот на новата влада
Кој е Таравари
Роден е во април 1973 година во Гостивар.
Средно медицинско училиште завршил во „Панче Караѓозов“ во Скопје, а дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1998 година.
Специјализирал неврологија во 2006, а во 2011 година ја одбранил докторската дисертација од областа на Паркинсонова болест.
Говори и турски, англиски и српски јазик.
Таравари е оженет и е татко на две деца.
Професионална и политичка кариера
На пошироката јавност Таравари и стана познат кога ја доби функцијата министер за здравство во 2017 година.
Во 2016 бил претседател на Одделот на екстрапирамидални болести при Универзитетската клиника за неврологија, а бил член и на Одборот на меѓународните медицински списанија „Медикус“ и „Vox Medici“.
Таравари е невролог со долгогодишно искуство во Универзитетската клиника за неврологија Скопје.
Од 2010 година е редовен предавач на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
На локалните избори во 2017 година Таравари за првпат стана градоначалник на Општина Гостивар, а моментално го одработува вториот мандат.
На последните претседателски избори беше кандидат за претседател на Македонија на коалицијата „Вреди“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Златко Перински, кандидат за министер за локална самоуправа
Кој е Изет Меџити, кандидат за министер за екологија и вицепремиер
Кој е Орхан Муртезани, кандидат за министер за европски прашања
Фото: Фејсбук/Таравари