Поранешниот лидер на владејачката Алијанса за Албанците (АА), Зијадин Села, неговото „крило“ на вчерашниот Конгрес во Скопје, повторно, по трет пат, го избра за претседател на партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таравари разрешен, Села неговото “крило“ повторно го избра за претседател на Алијанса за Албанците
Истото „крило“ го разреши актуелниот претседател Арбен Таравари, а неговото „крило“ пак на друг Конгрес, кој се одржа во петокот, го разреши Села од партиската функција – претседател на Централното собрание.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Села
Села е роден во 1972 година во селото Ливада, струшко.
По професија, како и Таравари е лекар, специјалист интернист.
Завршил Медицински факултет на Универзитетот во Тирана, Албанија.
Средно училиште пак завршил во Приштина, Косово, природно-математичка насока.
Татко е на две деца.
Работно искуство и политичка кариера
Работната кариера ја започнал во 1999 година, како специјализант работејќи во Меѓународниот црвен крст.
Во периодот од 2000-2004 година работел во Поликлиниката во селото Велешта како доктор.
Од 2004 до 2006 година работи во Медицинскиот центар – Брза помош во Струга.
Во периодот од 2006 до 2008 година е директор на Санитарната инспекција, при Министерството за здравсто, а набргу потоа спецјализирал за интерна медицина.
Од 2009 до 2011 година е претседател на огранокот во Струга на Демократската партија на Албанците (ДПА) и за првпат станува пратеник во македонското Собрание, функција која ја врши до 2013 година, како кадар на ДПА.
На локалните избори во 2013 година е избран за градоначалник на Општина Струга.
Пратеник станува и по 2016 година, но овојпат како лидер на Алијанса за Албанците, која ја основа една година порано.
Моментално по трет пат е пратеник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Арбен Таравари, кандидат за претседател на албанската опозиција
Каков имот пријавил Арбен Таравари, кандидат за претседател на Македонија на албанската опозиција
Фото: Села/Фејсбук