Коце Трајановски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ е нов в.д. директор на Јавното претпријатие (ЈП) за државни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Коце Трајановски в.д. директор на ЈП за државни патишта
Тој доаѓа на местото на Ејуп Рустеми.
Кој е Трајковски
Роден е во Скопје во 1956 година во Скопје.
Дипломирал на Машинскиот факултет во Скопје во 1980 година
Работно искуство и политичка кариера
Во периодот од 1981 до 1996 работел во МЗТ – Хепос како раководител на компјутерскиот центар.
Во периодот од 1996 до 1998 година ја основал и водел сопствената фирма за компјутерски софтвер за интегрирани информативни системи.
Во 1998 година е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија.
Во 2002 година повторно е избран за пратеник во Собранието.
Во текот на пратеничкиот мандат бил и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.
На локалните избори во 2005 година беше избран за градоначалник на Општина Гази Баба.
На локалните избори во 2009 година Трајановски станал градоначалник на Град Скопје.
Во 2013 година доби втор мандат за градоначалник на Град Скопје.
Во 2009 година е избран за претседател на Заедницата на единици на Локални самоуправи – ЗЕЛС.
Во 2013 година повторно е избран за претседател на ЗЕЛС.
Приватно
Оженет е со Душанка и ја имаат ќерка Климентина.
Се занимава со кошарка и фудбал, а претходно и со карате.
Фото: Трајанов/Фејсбук