еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Тирон Јајага, кој ќе биде министер за одбрана до избор на нов министер

Кадарот на поделената Алијана за Албанците, заменик министерот за одбрана, Тирон Јајага ќе биде министер за одбрана до избор на новата влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тирон Јајага е нов министер за одбрана, Петровска стана пратеник

Тој доаѓа на местото на кадарот на СДСМ, Славјанка Петровска, која стана пратеничка.

Образование

Јајага е дипломиран правник, а дипломирал на Универзитетот во Тетово.

Тој е и магистер по меѓународно право со меѓународни односи на Универзитетот во Кент, Велика Британија, бриселска школа за меѓународни студии, Брисел, Белгија.

Зборува англиски, италијански, француски и германски јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Тирон Јајага, кој ќе раководи со Министерството за одбрана до избор на нов министер

Работно искуство и политичка кариера

Јајага има над 10 години работно искуство во јавниот сектор.

Од 2019 година е правник за меѓународни работи во Секторот за меѓународни односи во Министерството за одбрана.

Претходно бил советник за одбранбени прашања во Мисијата на Македонија во НАТО (2015-2019 година), правник за меѓународни работи во секторот за меѓународни односи во Министерството за одбрана (2012-2015 година) и службеник во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците (2009- 2012 година).

Претходно работел во приватниот сектор и невладини организации.

Работел и како преведувач и како менаџер за односи со јавност во Just-Eat.com.

Заменик министер за одбрана стана лани во февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Беким Реџепи, кој ќе биде министер за транспорт и врски до изборот на нов

Кој е Назим Буши кој ќе раководи со МВР до формирање на нова влада

Фото: МО/Фејсбук/Јајага

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкави надоместоци имаат членовите на НО на Стопанска банка Скопје

Редакција

Има само Мерцедес: Каков имот пријавил обвинителот од СЈО, Бурим Рустем, кој треба да сведочи за „Рекет“

Редакција

Поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски осуден за злоупотреба на службената положба и овластување

Редакција