еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Цветан Трипуновски, кандидат за министер за земјоделство

Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ е кандидат за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Кој сѐ е дел од неа: Во Собранието доставен составот на новата влада

Образование

По струка е дипломиран земјоделски инженер.

Работно искуство и политичка кариера

Тој веќе има работено во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство како државен советник.

Претходно од 2015 до 2017 година ја извршувал и функцијата директор на Државниот земјоделски инспекторат, а во периодот од 2006 до 2008 година е прв човек на државната фитосанитарна лабораторија.

Во јануари 2020 стана дополнителен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во тогашната техничка влада.

Трипуновски од 2008 година до 2012 година беше пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, а во 2017 година стана и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Бил и помлад соработник во Град Скопје.

Трипуновски приватно

Трипуновски е оженет и е татко на две деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Панче Тошковски, кандидат за министер за внатрешни работи

Кој е Тимчо Муцунски, кандидат за министер за надворешни работи

Која е Гордана Димитриеска Кочоска, кандидат за министер за финансии

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грипот зема замав: Два смртни случаи за три дена

Редакција

Вкупно 48 заболени од корона вирусот: Шест нови, од кои и четиригодишно девојче од Штип

Редакција

Министерот Димитров за информациите дека бил „заштитен извор“ на Американците: Ми извадиле стари информации

Редакција