Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, кадар на опозициската ДУИ е последниот политичар од Македонија кој заврши на „црната листа“ на САД.
На листата е ставено и неговото семејство, а заедно со нив на истата заврши и судијата од Апелациониот суд Скопје, Енвер Беџети.
Груби и Беџети се на листата поради примање поткуп за влијание врз судските случаи кои се воделе против поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој исто така од порано е на т.н. црна листа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, ќе се истражува и кој ги поткупил
Македонското Јавно обвинителство отвори предмет за Груби и Беџети, но ќе истражува и кој ги поткупил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груби контра САД, бил „чист како солза„
Груби вели дека е „чист како солза“, а од Беџети нема јавна реакција. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети не се огради од Груби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети не се оградува од Груби
За две години двајца функционери на ДУИ завршија на „црната листа“.
Кој сѐ им прави друштво
Во март годинава американскиот Стејт департмент на „црната листа„ ги стави и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и градоначалникот на скопски Карпош, Стевчо Јакимовски.
На листата завршија и синот и сопругот на Јанева, како и двата возрасни синови на Јакимовски.
Лани на листата беше ставен и бизнисменот и поранешен вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев.
Претходно заедно со фирми поврзани со нив на т.н. црна листа за Македонија беа додадени и рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, неговата сопруга Ирина Самсоненко и мајката на македонскиот бизнисмен, Орце Камчев, Ратка Куноска Камчева.
На листата е и бизнисменот Орце Камчев, како и уште еден градоначалник, на Струга, Рамиз Мерко, кадар на ДУИ.
Тој заедно со неговото семејство заврши на листата поради корупција, злоупотреба на фондови и мешање во судски случаи.
Поради корупција на “црната листа“ завршија и поранешниот премиер на Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и екс директорот на УБК, Мијалков, како и нивните потесни семејства.
„Нивните постапки го поткопаа владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси во земјата и ја намалија вербата на јавноста во владата“, соопштија од Стејт департментот.
Според Стејт департментот Груевски бил вмешан во коруптивни дејствија при што го користел своето политичко влијание и официјалната моќ за лична корист.
„Поточно, постојат веродостојни информации дека Груевски ја злоупотребил својата положба за да бара и прима мито заради владини договори, за незаконски присвоени јавни средства и мешање во изборните процеси за политички полза за себе и за неговата партија“, соопшти Стејт департментот.
За Мијалков од таму велат дека во својство на директор на УБК бил инволвиран во коруптивни дела кои вклучувале користење на неговото политичко влијание и официјална моќ за лична корист.
Според Стејт департментот, постојат веродостојни информации дека Мијалков го злоупотребил овластувањето од функцијата за да бара поткуп за склучени договори.
Тој, исто така се мешал во изборните процеси во своја и во корист на политичката партија.
На “црната листа“ на САД е ставена и фирмата која што Груевски ја отвори во Унгарија, каде по бегството доби политички азил.
Станува збор за компанијата I.C.I.C. LTD, која што е отворена во 2021 година, а Стејт департментoт ја поврзува со Груевски.
На листата од претходно се наоѓаат и Љубе Бошковски, Мендух Тачи, Џеват Адеми, Кастриот Хаџиреџа, Невзат Халили, Гафур Адили, Нури Беџети, Џавит Хасани, Џезаир Шаќири, Даут Реџепи и Џемаил Хисени.
Повеќето од нив се ставени на оваа листа за време на администрациите на Бил Клинтон и Џорџ Буш помладиот, а најголемиот дел се поранешни припадници на ОНА и АНА, а дел се и поранешни пратеници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил судијата Енвер Беџети, кој со Артан Груби е ставен на „црната листа“ на САД
Каков имот пријавил Артан Груби, кој е ставен на „црната листа„ на САД
Фото: Унсплеш/Фејсбук/Груевски/Мерко/Влада/СЈО/Апелација