Лани Грција ја посетиле 1.128.000 туристи од Македонија, речиси двојно повеќе од 2022 година, кога кај јужниот сосед се регистрирани 770.000 посетители од нашата земја, пренесе државната агенција МИА.
Македонија повторно е меѓу првите 15. држави според бројот на туристи и останува без промени на 11. позиција, иако драстично е зголемен бројот на посетители.
Македонските државјани се во меѓу првите три земји (второ место) по бројот на посети во регионот централна Македонија (Солун и Халкидики), но не се во топ трите држави според бројот на ноќевања и според направените трошоци за време на престојот.
Петнаесетте земји со најголем број посети и посетители на Грција се Германија, Велика Британија, Бугарија, Италија, Франција, САД, Романија, Холандија, Полска, Албанија, Македонија, Турција, Австрија, Белгија и Србија.