еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија бара ново решение за спорот за Бугарија, ќе биде откриено по изборите кај источниот сосед

Македонија бара ново решение за спорот за Бугарија, кој е пречка за официјално започнување на преговорите со Европската Унија (ЕУ), а истото, кое уште не е готово, ќе биде откриено по изборите кај источниот сосед, информираше денеска министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој е и новиот главен преговарач.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орхан Муртезани е новиот главен преговарач на Македонија со ЕУ

Според министерот има можност за дополнителни блокади од Бугарија во делот на протоколите, па затоа и се разгледувале сите можности, а решенија се барале и со високи претставници од Брисел и земји членки на Унијата.

Тој информираше и дека во ЕУ нема голем оптимизам за уставни измени со одложено дејство, но предлогот засега не е целосно отфрлен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија во Брисел ќе понуди „француски предлог плус“

Најава дека Македонија ќе бара ново решение, откако Бугарија експресно одби Унгарија, која преседава со ЕУ, да биде посредник во спорот, деновиве стигна и од премиерот Христијан Мицкоски.

Писмото кое премиерот планира да го испраќа до европските институции за откочување на европската интеграција, се уште е без содржина, откри Муртезани, кој појасни дека се прават консултации што да биде вклучено во него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија ќе почне преговори со ЕУ кога ќе ги внесе Бугарите во Уставот, порачаа од Европската комисија

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Како помина светската премиера на „Врба“ на Манчевски во Рим

Редакција

„Пелистер“ го доби тендерот на ЕСМ за ископ на јаглен за РЕК „Битола“ вреден 6,2 милиони евра

Редакција

Кина: Израелските акции во Газа излегоа „надвор од рамката на самоодбрана“

Редакција