еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија била предупредена од стратешките партнери за инциденти за денот на албанското знаме, откри Мицкоски

Македонското Министерство за внатрешни работи било предупредено од стратешките партнери и меѓународната заедница дека за време на прославата за денот на албанското знаеме ќе има инциденти, информираше македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој најостро го осуди сквернавењето на македонското знаме во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Уништено македонското знаме на прослава на албанското знаме во Скопје

– Тоа е чин на агресија, нешто за кое ние предупредувавме дека ќе се случува и дека ќе има обиди за ескалација и за креирање на меѓуетнички тензии, а ќе има и во иднина. Ова нема да е изолиран случај, очекувајте дека ќе и во иднина.

Како правдата пополека, но сигурно се доближува до криминалците, така тие ќе стануваат понервозни, понетрпеливи и единствениот начин да го одбранат криминално стекнатиот капитал е токму вака, со манипулирање и со предизвикување на ваков тип на инциденти.

Им честитам на навремената, трезвена и државничка акција на МВР, БЈБ, СВР Скопје и на полицајците кои не дозволија ескалирање и реагираа во насока на приведување на лицата кои го сквернавеа македонското државно знаме, рече Мицкоски.

Тој информираше и дека заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово ги информирале за инцидентите стратешките партнери и им доставиле докази за тоа што се случувало и за тоа што очекуваат да се случува.

Тој најави и дека македонската Влада ќе одговори жестоко на сите обиди да се дестабилизира државата и апелираше на трезвеност.

– Јас апелирам до македонските граѓани на трезвеност, да не дозволиме овие инциденти да предизвикаат негативни чувства, бидејќи ова е мала, изолирана и манипулираа група од оние кои ги штитат своите милиони.

А тие кои се потенцијални жртви на овие политички криминалци и насилници, сакам да ги предупредам дека нема да има милост кон никого. Секој кој ќе го прекрши законот ќе одговара и ако мислат дека се недопирливи и дека ова што го зборуваме не е вистина, силно ќе се разочараат. Уште во првиот обид ќе бидат приведени.

Апелирам до граѓаните без разлика на етничката припадност, да не дозволиме овие криминални групи, кои се длабоко во своето политичкото мочуриште, а беа седум години власт, да ја дестабилизираат нашата заедничка татковина.

Ние како Влада гарантираме безбедност, трезвена акција на полицијата и државничко однесување, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видео на кое се слуша пукањето низ Скопје за денот на албанското знаме, на кој беше сквернавено македонското знаме

Оштетени шест автомобили и приведено едно лице во Куманово за денот на албанското знаме

Не само сквернавење на македонското знаме, во Скопје и се пукаше за прославата на денот на албанското знаме

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицаец во затворот во Шутка е позитивен на Ковид-19

Редакција

Цената на нафтата нагло порасна, а берзите тонат по нападот на Русија врз Украина

Редакција

Шест новозаболени од Ковид-19 во тетовскиот регион

Редакција