еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Малолетници предизвикале пожар на кров од катна гаража во центарот на Скопје

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 26.07.2024 година во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода четири малолетници од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека предизвикале пожар на кров од катна гаража.

Тие биле затекнати на местото и од нив бил одземен предметот со кој го предизвиклае пожарот.

Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Декларацијата за Гоце Делчев поднесена во Собранието не враќа назад во процесот на преговори, вели Османи

Редакција

Груби нема повеќе да биде прв вицепремиер, функцијата ќе ја преземе Маричиќ

Редакција

Министерството за здравство не е најодговорно за смртта на Благојче, вели министерот Сали

Редакција