И министерката за одбрана Славјанка Петровска потврди дека од НАТО прашувале што се случува во Македонска навигација (М-НАВ), акционерското друштво во државна сопственост.
Претходно истата информација со јавноста ја сподели и претседателот Стево Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Дали македонското небо е безбедно за авионите на НАТО“, го прашале Пендаровски од Алијансата
Таа рече дека засега нема официјална реакција од НАТО за инцидентот во М-НАВ до Министерството за одбрана.
„Но, секој вид на комуникација ние го сметаме, за се разбира, можеби не загриженост, но заинтересираност за тоа што се случува и тоа е сосема легитимно. Во тој момент на тој ден на аеродромот во Скопје слетаа два авиони од НАТО земји членки“, рече таа.
Прашана како ја коментира одлуката на Кривичниот суд да не им одреди притвор на лицата кои упаднаа во М-НАВ, Петровска рече дека таа лично не се согласува со истата.
„И мислам дека ќе треба да си ја преиспитаат одлуката, не сакам да влијаам на одлуките од позиција на министер за одбрана, но мислам дека целата оваа ситуација треба посериозно да ја сфатат, ќе имаат дополнително време“, рече таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Милан Кораќ, предлог на Владата за нов секторски директор во М-НАВ
Кој е Хекуран Асани, предлог на Владата за нов директор на М-НАВ
Телма: Делото за кое се гонат напаѓачите на М-НАВ е меѓународно кривично дело
Фото: МО