Актуелниот министер за економија и труд Бесар Дурмиши денеска изјави дека не чувствува одговорност за трагедијата во Кочани, каде во пожар во т.н. дискотека загинаа 59, а беа повредени 203 лица.
Тој упати одговорноста да се барала кај институциите што се надлежни за спроведување контрола.
Кажа дека Министерството за економија не било надлежно и немало механизам за проверка дали некој има лиценца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За што е осомничен поранешниот министер Бектеши
Прашан за неговиот претходник, Крешник Бектеши, кој доби 30 дена притвор и е еден од осомничените во истрагата која ја отвори за случајот Основното јавно обвинителство, одговори дека тој не бил надлежен за давање на било какво мислење за тоа.
-Јас не сум надлежен за давање на било какво мислење за тоа. За мојата работа другите надлежни органи се тие кои треба да кажат било што во врска со тоа, рече Дурмиши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите детали за истрагата за трагедијата во Кочани: Опфатени се 27 физички и три правни лица
Фото: Фејсбук/Дурмиши