еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Министерство за финансии повеќе нема да дава согласност за вработувања

Министерот за финансии Фатмир Бесими најави дека со измените на Законот за буџет кои ќе стапат во сила на почетокот на годината министерствата, јавните претпријатија, акционерските друштва во државна сопственост, јавно-приватните субјекти, ќе можат да вработуваат без да добијат согласност од Министерството за финансии.

Со овие измени се укинува „согласноста за вработување“, па институцијата ќе може да вработува само со изјава од раководно лице на институцијата дека се обезбедени средства за вработување.

„Секој министер ќе одлучува колку нови луѓе му требаат и тие треба да бидат во согласност со буџетот на институцијата. Во случај да се надмине буџетот одговорноста паѓа врз министерот. Тие претходно ќе пишуваат изјава дека ќе вработуваат согласно буџетот, а ако го надминат ќе одговараат кривично,“ изјави Бесими.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Без инциденти помина чествувањето на Илинден на Мечкин Камен

Редакција

(Видео) Македонскиот режисер Ангел Апостолски сними реклами за Супер боул

Редакција

Раде Кончар – Апаратна техника лани со добивка

Редакција