еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски го користел уставното име на состаноците на Самитот на НАТО

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, зад затворени врати, на состаноците на лидерите на НАТО на Самитот на Алијансата во Вашингтон, САД, кој заврши вчера, го користел уставното име на државата.

Информацијата, како што пренесува Гласот на Америка на македонски јазик, за грчките новинари ја споделил грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Како што е веќе познато Мицотакис ги информираше колегите на сесија во рамки на Самитот за неупотребата на уставното име од страна на македонското раководство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција го отвори прашањето за неупотребата на уставното име на Самитот на НАТО

„Имав можност да ги информирам моите колеги за фактот дека премиерот на Северна Македонија избра да не го спроведува клучниот член од договорот во врска со употребата на ерга омнес и неговата одлука да ја нарекува неговата држава „Република Македонија“ дома, што очигледно е изречно забрането со договорот.

Секако, сакам да истакнам дека во просторијата и во присуство на сите лидери на НАТО, тој не ја следеше оваа тактика и го користеше уставното име на својата земја“, изјави Мицотакис.

Тој кажал и дека во овој момент Грција „нема да го открие оружјето со кое располага за да одговори на тактиката на лидерството на соседната земја“, но додал дека вака или онака таа ќе сфати дека оваа тактика е целосно контрапродуктивна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчка влада: Европската перспектива на Македонија е затворена се додека не ги почитува преземените обврски

(Галерија) Со кој сѐ се сретна Мицкоски на Самитот на НАТО во Вашингтон

(Фото) Мицкоски на вечера кај Бајден во Белата куќа

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Работна група на Владата ќе бара чаре за комплексот Македонско село

Редакција

Вкупно се 19: Во кои објекти во Македонија се носат во државен карантин повратниците од странство

Редакција

Раст од 7,5%: За една недела 7.418 нови случаи на Ковид-19

Редакција