еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Над 1 милион евра е премијата на Лото 7 на Државна лотарија, највисока сума што може да се освои во земјава

Над 1 милион евра или 62 милиони денари е премијата на Лото 7 на Државна лотарија, информираат од таму.

Тоа е највисока сума што може да се освои во земјава.

Инаку, Државна лотарија започна со приредување игри на среќа на 23. април 2010 година, а првото коло на играта на среќа лото под име НовоЛото 7/34 се реализираше на 5. мај 2010 година.

Првата седумка во играта НовоЛото 7/34 е постигната на 5.9.2011 година со вредност од 21.173.081 денари, а среќните броеви се уплатени во продажното место „Студио Гина“ во Битола.

Оттогаш во лото играта, којашто во 2019 беше преименувана во Лото 7, постигнати се вкупно 27 седумки, а за седумка се славеше во различни градови: дванаесет пати во Скопје, петпати во Битола, двапати во Кичево, двапати во Куманово и по еднаш во Свети Николе, Тетово, Неготино, Струмица,  во Кавадарци и во Кочани.

Во однос на вредноста на добивките со седум погодоци досега постигнати се 11 добивки со гарантирана вредност од 6.000.000 денари денари и една со гарантиран фонд од 7.777.777 денари.

Сите други седумки се добивки коишто се над гарантираниот износ од страна на Државна лотарија.

Најголемата премија досега е во вредност од 41.163.771 денари, а среќните броеви добитникот ги уплатил во продажното место ЈМБ Компани Визбегово во Скопје.

-Фондот за 7-ката којашто сега изнесува над 1.000.000 евра започна да се собира по освојувањето на  последната седумка којашто беше исплатена во декември 2022 година во Кичево, откога фондот за 7-ка во Лото 7 постојано расте.

Секое наредно коло ќе го очекуваме новиот добитник на 7-ка кого го чека премија досега највредна и најголема во државата.

Нечии 30 денари, колку што чини една лото-кобинација, може да станат влог во комплетна промена на животот. Затоа не заборавајте да ги уплатите ваши среќни броеви и да ја искористите можноста од само 30 денари да дојдете до најголемата премија вредна над 1.000.000 евра и да станете најголемиот лото милионер во нашата земја, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Синдикатот ќе бара одговорност од менаџментот на М-НАВ за скандалот со огласот за контролори на летање

Редакција

Сите детали од протоколот за јавни настани: Влез преку коридори, сите со маски, седење преку едно седиште

Редакција

(Видео) Ќе му се даде ли шанса на мирот: Денеска преговори Украина-Русија

Редакција