Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа дека најголемиот акционер, Скопски пазар, акционерското друштво за услуги во прометот и трговијата увоз-извоз Скопје, купил дополнителни 3.042 акции и сега поседува 89.208 акции односно 19,73% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопски пазар стана најголем акционер во Македонијатурист
Акции купил и акционерот, друштвото за трговија, производство и услуги, Промедика ДООЕЛ Скопје. Друштвото купило дополнителни 1.667 акции и сега поседува 51.771 акциja односно 11,45% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали Доне Таневски се збогува со вработените во Македонијатурист?
Фото: Игор Бансколиев
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.