Косовската претседателка Вјоса Османи поради инцидент на Меѓународниот аеродром Скопје е во фокусот на јавноста, а истиот предизвика и дипломатски преписки помеѓу Македонија и Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи истражуваат што точно се случило.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лице од обезбедувањето на Гаши предизвика инцидент на скопскиот аеродром
Порталот Сакам да кажам објави дека на Османи не ѝ е првпат да направи инцидент на скопскиот аеродром.
Таа пред неколку дена при патување со комерцијален лет одбила да го предаде приватниот телефон и рачниот багаж на безбедносна контрола на скенер пред влез во авионот, велат аеродромски извори за СДК.
Слични инциденти имало и кога летала со комерцијални летови на „Туркиш ерлајнс“ и „Аустријан ерлајнс“, но тогаш не ѝ било дозволено да биде изземена од граничната контрола, затоа што овие компании имаат свои претставници на аеродромот кои се грижат стриктно и без исклучок да се почитуваат законските процедури.
-Во една прилика, дури авион на „Туркиш ерлајнс“ на редовна линија за Истанбул доцнел час и пол, бидејќи обезбедувањeто на Османи се карало со претавникот на авиокомпанијата кој не дозволил авионот да полета без контрола според меѓународните воздухопловни стандарди за цивилен соообраќај, пишува СДК.
На 1. август, Османи летала со „Виз ер“ за Љубљана. Унгарската нискобуџетна компанија нема свој претставник на аеродромот, но обезбедувањето на операторот на скопскиот аеродром ТАВ инсистирало таа да го почитува законот и нејзиниот телефон и рачен багаж да помине низ скенер, па нејзините телохранители предизвикале инцидент.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Османи/Фејсбук