еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На починатиот Карадакоски 40% од телото му било со изгореници, му откажале и бубрезите

На починатиот Александар Карадакоски, управителот на т.н. дискотека во Кочани од 1. април му откажале бубрезите и бил на дијализа, 40% од неговото тело било со изгореници, а 90% му биле оштетени дишните патишта, информираше денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина Александар Карадакоски, управителот на дискотеката во Кочани

Главниот проблем бил инфекцијата, која што ја добил поради огромна површина на рани кои ги имал на телото и подолго време бил во критична состојба.

Тој се лекуваше во Литванија и беше еден од осомничените, а во т.н. дискотека работеше како шанкер. Управител на „МММ Кафе“ ДООЕЛ, која управуваше со т.н. дискотека, беше само на хартија, а вистинскиот газда е Дејан Јованов-Деко, кој е во притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Управителот на т.н. дискотека „Пулс“, Карадакоски бил шанкер, газда бил Јованов, открива КОД

Според Таравари остануваат уште тројца или четворица повредени кои се во критична состојба.

Карадакоски е 60. жртва од пожарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зад кои други фирми стоел Дејан Јованов Деко, газдата на дискотеката во Кочани

Дејан Јованов – Деко, газдата на дискотеката во Кочани, чиј имот и бизниси ги „тресе„ полицијата, имал и скапо „бмв 7„

Се “тресат“ бизнисите на Дејан Јованов-Деко, газдата на дискотеката во Кочани, МВР влезе и во кафулето „Класик“

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вучиќ за упадот во РТС „удри“ по Заев и неговите српски советници и соработници кои ги нарече криминалци

Редакција

Пасоши и лични документи веќе се издаваат во законски рок од 15 дена, велат од Владата

Редакција

Доктор Пановски: Вакцината е доброволна, никој нема право да Ве присилува да ја примите

Редакција