На таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, Александар Ѓорчевски, ќе му се суди за грабнување, информираа денеска од Кривичниот суд во Скопје, од каде велат и дека е одобрен обвинителниот акт за обвинетите за убиството и грабнувањето на девојчето и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За што е обвинет таткото на Вања?
Нивните приговори се одбиени.
„По разгледување и ценење на актот, како и доставените приговори изјавени против обвинението од страна на одбраната на обвинетите, Советот за оценка на обвинителниот акт, донесе решение со кое приговорите на одбраната се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост.
Врз основа на одобрениот обвинителен акт се формира кривично-правен предмет, кој во согласност со АКМИС-системот ќе биде распределен на понатамошно постапување“, соопшти Кривичниот суд
Постапката против првоосомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски е сè уште во фаза на обвинителска истрага.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палевски вели дека е невин и дека е наместен, имал докази
Фото: Влада