На шест повредени лица во пожарот во т.н. дискотека во Кочани им е трансплантирана кожа, информираше денеска директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести, Небојша Настов.
Таму моментално се лекуваат десет повредени лица.
Тој рече дека останатите повредени се во стабилна состојба и се очекува во текот на следната недела да бидат пуштени на домашно лекување, посочувајќи дека ситуацијата е променлива и дека здравствената состојба на повредените може да се смени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите повредени во пожарот во Кочани во македонските болници се во добра и стабилна состојба
Шестмина повредени во пожарот во Кочани се во многу критична состојба
На 203 се искачи бројот на повредени во пожарот во Кочани
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.