еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

„Недела на дизајн Скопје“ отвора повик за дизајн решенија, за сѐ поврзано со велосипед

„Неделата на дизајн во Скопје” ги започна активностите со тоа што го објави првиот повик за дизајн, тематски насочен кон безбедноста на велосипедистите во сообраќајот и сите пропратни елементи поврзани со унапредување на истото.

Велосипедот спаѓа во едно од најупотребуваните превозни средства во градовите низ Европа и Азија, додека кај нас сè уште возењето велосипед важи за недоволно безбедно урбано превозно средство. Поради тоа, иако е во подем и добива институционална поддршка, употребата на велосипедот за транспорт во Скопје и другите поголеми градови во Македонија се уште не е на завидно ниво.

Овој повик има за цел да биде гласен апел за подобрување на условите за користење на велосипед во урбана средина, почнувајќи од соодветна инфраструктура, подобрување на т.н. вело-култура и воопшто поголем степен на култура во сообраќајот. Затоа овој повик покрај дизајн на аксесоари за велосипед како педали, рачки на велосипед, ѕвончиња, дизајн на велосипед, отвара простор и за предлог дизајн решенија за паркинг на велосипед, транспорт на велосипед, комбинација јавен трансорт + велосипед, но и низа алатки за подобрување на безбедноста како стикери, амблеми, шлемови итн.

Рокот на повикот за дизајн решенија е до 14. септември, а потоа селектираните идеи ќе добијат своја реализација и ќе бидат изведени до почетокот на фестивалот. Истите ќе бидат презентирани и пред општините на град Скопје со цел нивно евентуално идно имплементирање.

Повикот е објавен на веб странатa на Skopje Design Week, како и на сите негови профили на социјалните мрежи.

Линк до повикот: bit.ly.

„Неделата на дизајн” во Скопје е фестивал кој со години го третира индустриски и продукт дизајн, ќе се одвива од 6. до 10. ноември во Јавна соба, Мала станица, и во книжарницата Литература во Дајмонд Мол.

„Skopje Design Week” е дел од европската мрежа на манифестации на дизајн фестивали меѓу кои: „Миксер” од Белград, „What Design Can Do” од Амстердам, „Барселона дизајн вик” и Австрија „Дизајн”.

Сите платформи во фокус ја ставаат Зелената агенда и еко дизајнот на идните млади дизајнери под мотото Next Gen Design.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кичевски печалбар изгради куќа на социјално загрозено семејство

Редакција

Почина 21-годишник од Ковид-19: Вкупно 6 смртни случаи во тетовската болница

Редакција

ТВ 24 и Наша ТВ лани работеле со загуба

Редакција