еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Нестабилно време со пороен дожд и грмежи, од денеска до следната недела

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 40 степени. УВ зрачењето изнесува осум.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на невреме со силен ветер и град.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Од недела и во текот на следната работна седмица во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Минималните температури ќе се задржат високи, а дневните ќе бидат во постепено опаѓање.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради корона вирусот до крајот на април затворени хотелите во Грција

Редакција

Колкава плата лани имал Слободан Кутревски: Пекабеско ги објави платите на менаџментот

Редакција

Рекордна бројка на оздравени од корона вирусот: 336 од кои 113 во Скопје

Редакција