Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска изјави дека нема да поднесе оставка, и ќе остане на министерското место додека нема промена.
„Оставка се поднесува кога не се работи чесно. Прво да видиме дали ќе бидеме разрешени. Собранието и пратениците ќе одлучат кој ќе биде министер,” рече Меџити.
По несогласувањата помеѓу претседателот на Алијансата за Албанците (АА), Арбен Таравари и поранешниот лидер на партијата, Зијадин Села во однос за настапот на парламентарните и претседателските избори, во АА има поделба. Управниот совет на партијата вчера за нов министер за здравство го предложи Илир Демири.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе ја „падне“ ли и техничката влада кавгата на Таравари и Села?
Алијанса за Албанците најде замена за министрите Меџити и Алиу, кои застанаа на страната на Таравари
Министрите Меџити и Алиу пред разрешување поради несогласувањата на Таравари и Меџити
Фото: МЗ