еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови директори на неколку здравствени установи

Министерство за здравство информира дека министерот за здравство, Арбен Таравари изминатите неколку дена именувал нови в.д. директори на неколку здравствени установи.

Нов в.д. директор на Центарот за јавно здравје Скопје е Муамет Демири.

Нов в.д. директор на Клиничката болница Штип е Владко Захариев.

Нов в.д. директор на Општа болница Кичево е Маја Цветановска Трајковска.

Нов в.д. директор на Општа болница Струга е Владимир Бунчевски.

Нов в.д. директор на Општа болница со проширена дејност Дебар е Севдије Коџа.

Нов в.д. директор на Здравствениот дом Струга е Арбен Лабеништа.

Нов в.д. директор на Психијатриската болница Демир Хисар е Жан Лозановски.

Нов в.д. директор на Центарот за јавно здравје Куманово е Херољинд Сакипи.

Нов в.д. директор на Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања – Отешево е Благоја Китановски.

Нов в.д. директор на Универзитетската клиника за урологија е Башким Шабани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Сцените од Струга се крајно разочарувачки за мене, барам истрага

Редакција

Избрани нови судии во Основен граѓански и Кривичен суд Скопје

Редакција

Десет месеци ниту трага, ниту глас од исчезнатата Марија Брзакова од струмичко

Редакција