Интересот за приклучување на компаниите во акцијата „Новогодишна кошница“ расте, за една недела листата на производи се зголеми од 650 на повеќе од 900 производи, информираше денеска заменик-министерот за економија Марјан Ристески.
„Од 15 декември до 15. јануари граѓаните ќе можат да купат повеќе од 900 производи од 83 компании кои тие самите ги понудија, со пониски цени од најмалку 10 проценти.
Сакам да се заблагодарам на сите компании кои се дел од оваа акција (производители, дистрибутери и маркети), кои излегоа во пресрет на повиците на јавноста и на дело ја покажуваат нивната општествена одговорност
Листата на производи не е затворена и сите заинтересирани можат да се пријават со свои производи на [email protected].
Апелирам компаниите доследно да ја почитуваат акцијата која што самите ја креираа, а доколку граѓаните имаат забелешки истите да ги пријават до Државниот пазарен инспекторат на бесплатниот телефонски број 191 или на веб страната www.dpi.gov.mk,“ напиша Ристески на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои 600 производи влегуваат во новогодишната кошничка
Фото: Unsplash