еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Објавена фотографија од Беран Алији по потекло од Гостивар, првоосомничениот за планирање терористички напад на концерт на Свифт

Објавена е фотографија од Беран Алији по потекло од Гостивар (од каде се неговите родители), првоосомничениот за планирање терористички напад на концерт на моментално најпопуларната пејачка во светот Тејлор Свифт, во Виена, Австрија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Беран Алији по потекло од Гостивар е првоосомничениот за планирање тетористички напад на концерт на Тејлор Свифт

Како што пренесоа австриските медиуми тој признал дека сакал да го изврши терористичкиот напад, а австриските власти соопштија дека тој веќе бил радикализиран, а како што може да се види и од фотографијата го сменил и својот физички изглед.

Нападот требало да се случи вечерва или утре, а тој сакал да предизвика крвопролевање пред стадионот каде требало да се одржи концертот со ножеви, мачети и автомобил, а на крајот да се разнесе.

Бил во контакт со двајца осомничени помагачи, од кои едниот работел како обезбедување на концертот.

Во неговиот дом полицијата нашла различно оружје – мачети, ножеви, детонатори, кабли за палење, 21 илјади фалсификувани евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонското МВР го проверува минатото на Беран Алији, главниот осомничен за планирање на терористички напад на концерт на Тејлор Свифт

Со момчето по потекло од Македонија за планирање на терористички напад на концерт на Тејлор Свифт, уапсено и 17-годишно момче

(Видео) Веста за можниот терористички напад на концерт на Свифт, за кој главниот осомничен е по потекло од Македонија го обиколи светот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги вработува пет лица, плата до 49.146 денари

Редакција

Борисов можеби го признава македонскиот јазик, ама не и бугарската Влада и Собрание

Редакција

Лица кои учествувале на литијата во Струга имале белодробен наод кој одговара на Ковид-19

Редакција