Додека илјадници граѓани останаа заробени во Македонија, продолжува серијалот во кој министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговиот сопартиец од ДУИ, техничкиот премиер Талат Џафери се фотографираат по македонски дипломатско-конзуларни преставништва со пасоши.
По Брисел со пасоши се сликаа и во Минхен, Германија. Османи дури и објави фотографија како дели пасоши на македонски државјани во Германија, а Џафери, колку да го има и него на сликата, набљудува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фотографија со Џафери, Маричиќ и Османи од Брисел – хит на социјалните мрежи
Нема информација колку пасоши Османи успеал да подели и дали цело време друштво му правел Џафери или „као“ делел пасоши колку да се слика.
Османи, кој очигледно има многу таленти, да потсетиме дека пред неколку години „изиграваше„ и инспектор, не би лошо овој нов талент да дојде да го покаже и во Скопје, на шалтерот на МРТВ.
Лесно е во Минхен да дели паоши. Малку се, како и што се гледа на друга фотографија која ја објавил и за брзо време ќе го најде потребниот пасош.
Е во неговата земја малку поинаку е (не)организирано. На двајцата без тројца вработени на шалтерот во МРТВ им треба многу повеќе време да најдат готов пасош (а може и погрешен да Ви дадат, лично искуство), така да ептен ќе им се најде.
Може и Џафери да дојде да види како изгледа и колку време се чека да се земе пасош. И да објават слика на Фејсбук и од таму. А може и видео, за да се долови целата мизерна атмосфера, сепак фотографија може лесно да фотошопира.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Мизеријата за личните документи со „Северна“ во една снимка
Фото: МНР