еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пациент од Англија допатува во Клиника Жан Митрев за замена на колена

Шон Молој, пациент од Англија дојде во Клиниката Жан Митрев за операција за вештачки колена. Минатата недела изведена беше операцијата од д-р Сашо Младеновски со што беше направена успешна промена на едното колено. Молој е веќе подвижен и наскоро ќе се врати дома.

За искуството во Клиника Жан Митрев, вели дека овде се посветува поголемо внимание и поголема грижа за пациентите.

„Одлучив да дојдам во оваа клиника поради тоа што го прочитав за неа, разговарав со луѓе и истражував на интернет. И не можеше да добијам повеќе, на секого би ја препорачал. Сега е третиот ден по операцијата на моето лево колено и чувството е добро.

Физиотерапијата е одлична. Имав некои компликации со крвта, кои ми беа откриени тука а не беа откриени во Англија и ако операцијата ја правев таму, веројатно не би преживеал. Што значи дека вниманието што се посветува тука, е неспоредливо со ништо друго. Споредувајќи со државниот здравствен систем во Англија, ова тука е за ниво погоре и затоа би го препорачал на секого кој планира да прави ортопедска операција“, вели Шон Молој.

Молој за клиниката дознал истражувајќи на интернет и консултирајќи се со пријатели. Сега е ѕидар по професија, а претходно бил рагби играч. Како резултат на истрошеноста на неговите колената поврзана со неговите занимања и остеоартритисот потребна му беше билатерална операција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мијалков бил пример за другите затвореници, им помагал во работните ангажмани, вели директорот на струшкиот затвор

Редакција

Анализа на реномираната „Вуд енд компани“: Акцијата на „Алкалоид“ вреди злато и треба да се чува

Редакција

Уставни измени во овој пратенички состав нема да има, тврди Мицкоски

Редакција