еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пеколно време денеска, од среда пад на температурите

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со услови за краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во следните денови ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Позначителен пад на температура ќе има од среда.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Масовниот убиец од Младеновац киднапирал таксист, сакал да побегне во Крагуевац

Редакција

МНР проверува дали Груевски е во Унгарија

Редакција

Новозаразениот со корона вирусот во Струмица е од Косово

Редакција