еМагазин
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

На жена од Македонија, Германија и ги одзеде трите деца, на интернет петиција за нивно враќање

На социјалните мрежи се шири петиција, за поддршка за итно враќање на три деца од Германија, македонски државјани, кај својата мајка во Македонија.

„Децата, на возраст од 9, 6 и 3 години, беа неправедно одземени од страна на германските институции и целосно отсечени од контакт со својата мајка, која со огромна пожртвуваност се грижеше за нив, особено во овој тежок период по разводот со нивниот татко.

Разделбата од мајката предизвика значителна траума кај децата. И покрај сите напори за воспоставување контакт, досегашните обиди останаа неуспешни поради недостаток на поддршка од надлежните институции.

Дополнително, децата беа целосно интегрирани во македонскиот образовен и воспитен систем, но сега, со нивното присилно отсуство, им е ускратено и ова основно право, што дополнително го нарушува нивниот развој.

Оваа ситуација претставува сериозна неправда и грубо кршење на правата на децата и нивната мајка. Затоа, бараме итна реакција од македонските и меѓународните институции за враќање на децата кај нивната мајка во Македонија, каде што ќе бидат опкружени со љубов, грижа и стабилност, неопходни за нивното физичко и емоционално здравје.

Вашата поддршка е од клучно значење за исправување на оваа неправда и за враќање на детството на овие деца,“ се вели во апелот на петицијата.

Петицијата може да се потише ОВДЕ.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил поранешниот градоначалник Боро Стојчев, приведен во полициска акција

Редакција

Имаа 24,25 и 27 години: Најмладите пациенти во Македонија кои починаа од Ковид-19

Редакција

„Весела математика“: Акцизата ќе се врати на старо ако малопродажната цена на нафтата се зголеми за 20 денари

Редакција