Поминаа пет дена откако во понеделникот наутро во Скопје исчезна 14-годишна Вања Ѓорчевска.
Случајот ја вознемири јавноста, а полицијата формираше специјален тим за нејзино наоѓање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мајката на Вања Ѓорчевска откри детали за ќерката која ја нема веќе пет дена
Во потрагата по нејзе се вклучени над 100 полицајци, кои изминативе денови прегледаа камери од над 50 места, пребарани се подруми во околината каде што исчезна и пошироко, речното корито на Вардар, а проверени се и манастири и цркви.
Но, засега без никаква трага од нејзе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прегледани над 50 камери, пребарани подруми, Вардар, манастири во потрагата по Вања Ѓорчевска
Се вештачат нејзините и електронските уреди на нејзиното семејство, а полицијата разговараше со повеќе лица, со кои се познавала.
Таа е тема и во медиумите во регионов, а и таму на социјалните мрежи, како и овде се споделуваат нејзини фотографии со опис.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорчевска ја бара и Интерпол.
Распишана меѓународна потерница по Вања Ѓорчевска: Интерпол се вклучи во потрагата
Секој што има каква било информација за Вања да пријави на 112.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ