еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Потпретседателите на СДСМ Перо Костадинов и Фатмир Битиќи поднесоа оставки

Потпретседателите на владејачката СДСМ, Перо Костадинов и Фатмир Битиќи синоќа поради лошите резултати на изборите, поднесоа оставки од партиските функции.

Вицепремиерот за економски прашања Битиќи побара оставка и од целото раководство на СДСМ.

„Како потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, обврзан на етички и демократски вредности, одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата. Мојата оставка комплетно ќе се ефектуира кога останатите мои другари и другарки кои го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото – од првиот до последниот“, напиша меѓудругото Битиќи на Фејсбук.

Според него оставката на раководството е “неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и трасирање на патот кон иден политички успех“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ има повеќе пратеници од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ има 58

(Фото) ВМРО-ДПМНЕ прва, СДСМ втора, ДУИ трета: Официјални податоци на ДИК

(Фото) Гордана Силјановска Давкова прва жена претседател на Македонија, има над 300 илјади гласови повеќе од Пендаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по скопските болници

Редакција

Поради болест на обвинетиот одложено рочиште за тепањето на новопечениот Бугарин, Пендиков

Редакција

„Не е нормално да летате од Софија за Скопје преку Виена“: Победникот на изборите во Бугарија, Петков најави нов пристап и подобри односи со Македонија

Редакција