Премиерот Христијан Мицкоски смета дека е рано да се разговара за заеднички кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Кочани.
„Не би влегувал во таков тип на политиканство, се уште раните од ужасната трагедија не се залечени, а ние да размислуваме за избори во Кочани и кандидати за градоначалници. Прерано е за тоа да се дискутира и комбинира. Таков тип на пораки ќе биде дополнителна болка за луѓето кои ги загубија своите најблиски. Се уште 40 дена не се поминуати од овој настан, а некој размислува за избори, градоначалници“, рече Мицкоски.
Тој посочи дека од ВМРО-ДПМНЕ се подготвени за формирање Анкетна комисија во Собранието за трагедијата во дискотеката „Пулс“.
За паузирањето на разрешувањето на државниот обвинител Љупчо Коцевски рече дека не е трајна одлука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мирче Стојков ќе ја води Општина Кочани до изборот на нов градоначалник
Поранешните градоначалници на Кочани, Илијев и Димитровски, остануваат во куќен притвор
Каков имот пријавил градоначалникот Папазов, кој поднесе оставка поради трагедијата во Кочани
Фото: Влада