еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Просечната каматна стапка на кредитите во јануари зголемена, кај депозитите намалена

Народна банка објави дека просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари изнесува 5,55 проценти и е зголемена за 0,08 процентни поени на месечна и 0,57 процентни поени на годишна основа.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити пак изнесува 1,72 проценти и на месечно ниво таа е намалена за 0,07 процентни поени, при годишен раст од 0,79 процентни поени.

Кај новоодобрените кредити во јануари се забележува минимален месечен раст од 0,01 процентни поени и изнесува 5,22 проценти, додека на годишна основа е зголемена за 0,17 процентни поени.

Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,22 проценти и на месечно ниво е намалена за 0,15 процентни поени, во услови на годишен раст од 0,71 процентни поени.

Кај корпоративниот сектор, просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи месечен раст од 0,11 п.п. и изнесува 5,44 проценти, а каматната стапка на новоодобрените кредити изнесува 5,21 проценти и на месечна основа е намалена за 0,09 процентни поени.

Кај домаќинствата се бележи зголемување од 0,06 процентни поени на месечно ниво на вкупните кредити, а кај новопримените кредити има месечен раст од 0,24 процентни поени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детална листа: Општина Тетово го објави списокот на сите договори на дело склучени со општината за 2021 година

Редакција

Едно лице почина од Ковид-19, вкупно до сега 5.489

Редакција

Diamond Mall одбележа една година од своето отворање и најави влез на нови ексклузивни брендови

Редакција