Рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Украина за поврзаност со синоќешниот терористички напад во концертна сала во Москва во кој загинаа најмалку 143 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На 143 се искачи бројот на загинати во терористичкиот напад во Москва
Тој соопшти дека четворицата напаѓачи, кои се уапсени, планирале да избегат во Украина, во која “некој разработил план како да ја поминат границата“.
„Казната ќе ги стигне сите. Тоа е напад на Русија, на нашиот народ“, порача Путин.
Исто обвинување претходно пристигна и од шефот на Федералната служба за безбедност (ФСБ), Александар Бортников, но засега за тоа тврдење не се објавени докази.
Украинската воена разузнавачка служба пак ја обвини Русија и нејзините специјални служби дека организирале смртоносен напад во Москва за да ја обвинат Украина и да ја оправдаат „ескалацијата“ на војната.
„Терористичкиот напад во Москва беше планиран и е намерна провокација на руските специјални служби по налог на (Владимир) Путин. Неговата цел е да ги оправда уште пожестоките напади врз Украина и целосната мобилизација во Русија“, велат од таму, имајќи предвид дека нападот „мора да се сфати како закана на Путин за да предизвика ескалација и да ја продолжи војната“.
За ваквото тврдење и Украина не објави докази.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото+видео) Најмалку 93 убиени во терористичкиот напад во Москва, уапсени 11 лица
САД, Германија, Британија и Летонија предупредија на терористички напад во Москва пред две недели
(Вознемирувачки видеа) Бројот на убиени во терористичкиот напад во Москва се искачи на 60
Фото: Кабинет на Путин