еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

САД повикува на почитување на Преспанскиот договор и охрабрува продолжување на дијалогот меѓу Скопје и Софија

САД се целосно посветени на Преспанскиот договор и повикуваат на негово почитување, изјави за државната агенција МИА портпаролот на Стејт департментот, по заклетвата на македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова, која не го употреби уставното име, што предизвика бурни реакции во Грција, но и од Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Секој чекор на Скопје кон Европа зависи и од употребата на уставното име, вели Мицотакис

-САД остануваат целосно посветени на Преспанскиот договор и евроатлантската интеграција на Северна Македонија. Додека новата влада се формира и се избира премиер ние ќе продолжиме да го зацврстуваме значењето на почитувањето на меѓународните договори и бенефициите од целосно членство во ЕУ, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Преговарачката рамка нема да се ревидира, договорот со Бугарија да се почитува, порачаа бугарскиот премиер и претседател

САД исто така охрабруваат продолжување на дијалогот меѓу Македонија и Бугарија.

-Го охрабруваме продолжувањето на дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија, во рамките на заедничките заложби за идното полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ, посочува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ќе користат „Северна“ само кога тоа го налага законот

Не е забрането јавно да се користи Македонија и јас често велам само Македонија, вели Таравари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицајците на Блаце му „дозволиле“ да избега на албански државјанин баран поради лажен македонски пасош, објави КОД

Редакција

Убава вест: Оздравени 1.129 болни од Ковид-19

Редакција

Обвинителството до адвокатот на Боки 13: Исказ може да се даде и во законскиот утврдениот рок кога се врши увид во доказите

Редакција