Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова се сретна со грчкиот и бугарскиот премиер, Киријакос Мицотакис и Димитар Главчев, на маргините на Самитот во Швајцарија.
„На маргините на Самитот за мир во Швајцарија остварив средби за запознавање со премиерите на Грција, Киријакос Мицотакис и на Бугарија, Димитар Главчев.
Со нетрпение очекувам да се вклучиме во продуктивни дискусии со нив во корист на нашите држави и регионот. Мора да соработуваме и да ги подобриме меѓусоседските односи,“ напиша Сиљановска Давкова на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Сиљановска Давкова во Швајцарија имаше средба со потпретседателката на САД, Харис
На Самитот во Швајцарија, Македонија даде поддршка на територијалниот интегритет на Украина
Фото: Кабинет на претседателката