еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје ветиле дека ќе гласаат за програмата на Арсовска

Советниците на Град Скопје ќе ги изгласаат програмите на градоначалничката Данела Арсовска со кои ќе се вработат дополнителни 120 работници во Комунална хигиена. Исто така, до крајот на месецот ќе има оспособени 30 автобуси.

Ова било одлучено на денешната координација кај претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески со координаторите на советничките групи и градоначалничката, а на која присуствувале и директорите на јавните претпријатија.

„Охрабрува она што директорот го кажа дека по негова проценка дури 30 автобуси би можеле да бидат поправени, да бидат рехабилитирани и да се стават во функција. Програмата за дополнителни активности на Комунална хигиена за периодот први септември – 31. декември што ќе значи дека тие бараа дополнително сезонско вработување или вработување на сезонски работници од 120 и мислам дека постои расположение едногласно да се прифати тој предлог.“, вели Славевски.

Арсовска на прес-конференција обвини дека советниците на ВМРО- ДПМНЕ не ја гласаат нејзината програма, поради што, таа не е во состојба да ги спроведе проектите кои ги ветила.

Оваа средба дава надеж, дека состојбите со нефункционалниот јавен превоз, и лошата хигиена ќе бидат надминати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ е виновна за превозот и хигиената, обвини Арсовска

Град Скопје не понуди ништо конструктивно, за Владата конкретно да помогне, рече Перински по средбата со Арсовска

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Лична иницијатива за свои интереси“, велат од М-НАВ за најавениот штрајк на контролорите на летање

Редакција

ЕСМ доби нов Надзорен одбор

Редакција

„Песна над песните“ избор од поезијата и размислите на Ацо Шопов, ќе биде промовирана во четврток

Редакција