еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Стопанска банка Скопје со зголемена добивка во првиот квартал

Стопанска банка АД Скопје во првиот квартал од годинава остварила добивка пред оданочување од 1.345.050 илјади денари, што е 17 % повеќе споредено со претходната година, информираат од Банката преку Македонската берза.

-Задржувајќи го високо прудентниот пристап во однос на управување со квалитетот на кредитното портфолио, во истиот период Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 387.330 илјади денари.

Со тоа, добивката на Банката пред оданочување на 31.03.2024 година изнесува 957.720 илјади денари и во однос на истиот период од минатата година е повисока за 23 %.

Во најголем дел, ова е резултат на зголемените приходи по сите основи поради зголемувањето на обемот на деловните активности, велат од таму.

Нето-приходите од камати изнесуваат 1.565.359 илјади денари и се зголемени за 21 % во однос на истиот период од минатата година, како резултат на кредитните активности и вложувањето на вишокот ликвидни средства во првокласни инструменти, велат од таму.

-Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 213.431 илјади денари и се зголемени за 3 % во однос на анализираниот период во 2023 година, што се должи на зголемен обем на активности, односно зголемен обем на испорачани услуги на клиентите, од кои најмногу во делот на услугите во платниот промет и картичното работење.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 30.773 илјади денари.

Останатите приходи од дејноста изнесуваат 113.936 илјади денари.

И покрај сè уште присутните инфлаторни притисоци и ценовни флуктуации, Банката продолжува со оперативна ефикасност во однос на контролата на трошоците од работењето. Притоа, останатите расходи од дејноста и трошоците за вработени изнесуваат 253.411 илјади денари и 277.176 илјади денари, респективно и се за 11 % повисоки во однос на истиот период од претходната година.

Одржувањето на квалитетот на кредитното портфолио и управување со кредитниот ризик е во приоритетните цели на Банката. Оттука, заклучно со крајот на првиот квартал од 2024 година, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 387.330 илјади денари.

Како резултат на сето наведено, остварената добивка пред оданочување и резервации изнесува 1.345.050 илјади денари, додека добивката пред оданочување на 31.03.2024 година изнесува 957.720 илјади денари и е за 23 % повисока во однос на истиот период од минатата година, велат од таму.

Вкупната актива на Банката во анализираниот период изнесува 129.303.255 илјади денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владимир Филиповски и Сашо Ќосев повторно предложени за членови на НО на Стопанска банка Скопје

Стопанска банка Скопје нема да дели дивиденда

Колку пари лани чувале граѓаните и фирмите во Стопанска банка Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Аутомакедонија“ го доби тендерот на ЈП за Просторни и урбанистички планови –Прилеп за набавка на автобуси вреден 975.000 евра

Редакција

Министри на Германија, Франција и Полска на средби со политичкиот врв, побараа уставни измени и реформи во владеење на правото

Редакција

Прифаќаме промена на Уставот за да се вклучи бугарското малцинство, вели Ахмети

Редакција