Татко и син вчера загинале во сообраќајка на автопатот Скопје – Куманово пред наплатната станица Миладиновци.
Станува збор за 34-годишниот Б.А. од кумановското село Опае, кој починал на местото на несреќата и неговиот малолетен син, кој починал подоцна во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) несреќата се случила вчера претпладне, откако возило „Мерцедес“, управувано од починатиот маж удрило во сообраќајни знаци и во запрено товарно возило „Ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице.
Од МВР информираа дека се приведени возачот на товарното возило – Р.П. и одговорното лице на правниот субјект – 55-годишниот П.М. од скопско.
Телото на починатиот маж е дадено на обдукција.