еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЦГК: Тендерот за гласањето на дијаспората е поголем од печатењето на ливчињата за сите гласачи

Државната изборна комисија (ДИК), за спроведување на последните претседателски и парламентарни избори, склучила 22 договори за јавни набавки во вкупна вредност од 213.625.656 денари, односно 3.473.588 милиони евра, заклучно со 20 мај 2024 година, покажува истражувањето Изборите и јавни набавки на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

„Тендерите на ДИК за заедничките претседателски и парламентарни избори годинава чинеле 767 илјади евра повеќе отколку збирот на тендерите за овие избори кога се спровеле поединечно во 2019 и 2020 година. Гласањето на дијаспората чинело повеќе отколку печатењето на ливчињата за сите гласачи.

Дури 41% од договорите за јавни набавки поврзани со изборите, ДИК ги склучила во постапка со директно преговарање, без оглас.

Во групата фирми кои традиционално ги добиваат тендерите на ДИК се издвојуваат три фирми.

Во годините кога има парламентарни избори, вредноста на јавните набавки во земјата достигнува рекордно ниво. За годинашните избори – се антиципирало во ланските набавки,“ се вели во истражувањето.

Целото истражување на следниот линк.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонски телеком“ доминира на пазарот на фиксна телефонија

Редакција

(Видео) Меморија објави нова песна – колаж од „Едно име имаме“, „За многу години Македонци“, „Заветна“ и „Налеј, налеј“ 

Редакција

(Видео) Сторијата на ИРЛ, „Нечиста крв“ ја шокира Македонија, Обвинителството оформи предмет

Редакција