Уставниот суд и понатаму останува без претседател.
Мандатот на претседателката Добрила Кацарска заврши вчера, а и денеска, трет ден по ред, уставните судии неможат да изгласат нејзин наследник.
Таа нема право на реизбор, а денеска се гласаше и за трет кандидат, уставниот судија Осман Кадриу, кој исто така не го доби потребното мнозинство.
Досега во „трка“ беа уставните судикии Ана Павловска-Данева и Татјана Васиќ Бозаџиева.
Павловска-Данева денеска се повлече, а Васиќ Бозаџиева пред Кадриу да влезе во „игра„, повторно не ги доби потребните гласови.
Гласаат уставните судии, девет на број, а процедурата продолжува утре.
До изборот на нов претседател, уставните судии колективно ќе одлучуваат за управувањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила Добрила Кацарска, новата претседателка на Уставен суд
Која е Добрила Кацарска, новата претседателка на Уставен суд
Фото: Уставен суд