еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

УХМР со вонредно предупредување: Следува период на нестабилно време со честа појава на врнежи и грмежи

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) известуваат дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи.

Утре наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.

Во четврток во западните делови ќе дува засилен ветер од југозападен правец.

Од УХМР препорачуваат дека во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Пендаровски денеска слави роденден: Торта од сопругата и синот

Редакција

Прилепската болница ќе треба да прави месечен, наместо квартален бактериолошки мониторинг во одделите со висок ризик

Редакција

Објавен официјалниот трејлер за првата 3Д-анимирана серија на македонското студио „Ви хаус“

Редакција